Четири постигнати гола и нерешен исход е епилогот на дербито во првото коло од Првата македонската фудбалска лига одиграно попладнево во скопската општина Чаир меѓу домаќинот Шкупи и Шкендија од Тетово.
Домаќините имаа солидни 2:0 по првото полувреме, но тетовци засилија во вторите 45 минути и успеаја на крајот да избегнат пораз.
Резултати на денешните пет натпревари во 1. коло од ПМФЛ:
Шкупи – Шкендија 2:2
Македонија Ѓ.П. – Работнички 2:1
Беласица – Силекс 0:6
Пелистер – Академија Пандев 1:0
Ренова – Струга 0:0.
Вчера на отворањето на новата сезона, Борец како гостин го совлада Вардар со 1:0.