Да не завршеше трагично, денес ќе го славеше 57 – от роденден…
Витни Хјустон почина во када во хотел во Лос Анџелес на 11 февруари 2012 година. Случајот е затворен, а објаснувањето е случајно давење. Подоцна, во нејзиното тело, обдукцијата открила смртоносна комбинација на наркотици.
Растењето со нејзината тетка Арета Френклин довеле до тоа на рана возраст да покаже интерес за музиката, а до 15 години зад себе веќе имала бројни настапи.
Поради раскошниот талент лесно и било да го привлече вниманието на многу луѓе кои биле во музичкиот бизнис…
Во последниот документарен филм за покојната пејачка Витни Хјустон под назив „Can I Be Me“, нејзините блиски приајтели и соработници раскажаа некои досега непознати детали за нејзиниот живот,
Нејзината блиска соработничка, стилистката Елин Лавар, како телохранителот на пејачката Кевин Амонс, рекоа дека Витни била бисексуалка и дека имала долга врска со својата асистентка Робин Крофорд.
„Витни ја запозна Робин кога таа имаше само 16 години и работеше за неа до 2000 година. Живееа заедно, делеа се, па и креветот. Тоа е нејзината најубава, најпродуктивна и најздрава врска која ја имаше во животот“ – наведуваат нејзините блиски…
Преземено од Женски магазин