Објавени фотографии од венчавката на српската манекенка со ѕвездата на „Топ ган“

Објавени се фотографии од раскошната свадба на српската манекенка и актерка Нина Сеничар и американскиот актер и ѕвезда на филмот „Топ ган: Маверик“ Џеј Елис.

Двојката се венчаше на 9 јули во Тоскана, Италија, а за магазинот „Вог“ споделија фотографии од раскошната церемонија во вилата Mangiacane.
Двajцата објавија фотографии и на своите профили на Инстаграм.

„Вог“ пишува дека меѓу гостите биле и колегите на Елис од новиот блокбастер, меѓу кои Грег Тарзан Дејвис и Глен Пауел, како и неговата колешка од Insecure, Иса Рае.

Нина носеше свилена венчаница од „Долче и Габана“ со дијамантски обетки и прстен од нејзината покојна баба. Џеј носеше темноцрвен смокинг од истата модна куќа.

Нина и Елис се запознаа во 2015 година во еден бар во Лос Анџелес, а се свршија четири години подоцна.

Треба да знаете
Последни објави