Без струја утре ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Центар, Карпош, Гази Баба и Аеродром.
Како што соопшти РЦУК, по претходно известување од „ЕВН Македонија” АД утре се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат: во периодот од 9:30 до 14:30 корисниците од улица „Христо Чернопеев” со броевите: 1А, 1Б, 2, 2А, 3, 3А, 5А 5Б, 7А,7Б, 9, 9А, 13, 13А, 10А, 10Б, 6, 4, 4А, 8А, 8Б, 12, 14, и 16 во Општина Кисела Вода.
Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Питу Гули”, а од 9 до 11 часот корисниците од улицата „Охридска” со броевите: 17, 15, 13, 11, 9, 44, 24, 22, 20, 18, 16, 14, 12, 10, 8 и 4 во Општина Центар.
Без електрична енергија ќе останат и корисниците од улица „Даскал Камче” бр. 1А влез 5. во Општина Карпош во периодот од 9 до 12 часот.
Од 8 до 9 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Лазар Поп Трајков” со броевите 5 и 7, Ветеринарниот Факултет и Ветеринарната Болница во Општина Гази Баба, а во периодот од 7:30 до 17 часот корисниците од болницата Мајчин Дом, црквата Св. Стефан, и крстосницата од булеварите Јане Сандански и АСНОМ во Општина Аеродром.