Денес сме на местото на новиот скандал во чие средиште е градоначалникот Златко Марин. Марин преку општинската каса ќе плати речиси половина милион евра за реконструкција на веќе постоечки парк во време кога огромниот број на граѓани немаат паркови или пак истите се руинирани. Марин ќе троши половина милион евра пари на граѓаните за прекопување на постоечки парк иако граѓаните бараат сервисирање и решавање реалните проблеми.
Актуелен проблем кој упорно одбива да го реши градоначалникот е ослободување на плаќање на паушали за градинките во услови кога родителите не добиваат услуги за тоа, нивните пари ги троши за скапи паркови на места каде веќе парковите постојат.
Вистинското прашање е дали преку изградбата на паркот од половина милион евра каде веќе постои постоечки парк, не се перат пари на граѓаните на Општина Аеродром?
Зошто на тендерот е избран поскапиот понудувач и каква врска има оваа компанија со Марин ако се знае дека веќе истата ја изработуваше преплатената Боемска улица во Центар?
Златко Марин наместо да решава проблеми тој создава проблеми.
Општина Аеродром ја претвора во пералница на пари.