Бездомно куче скитајќи низ градот стигнало до салонот на Хјундаи Премиер во Бразил барајќи храна и покрив над главата. Персоналот на автосалонот го забележал кучето како стои пред прозорецот на продавницата, но тие верувале дека застанало само за момент, по што ќе си замине. Но, несреќното животно не се оддалечило од салонот, доаѓало упорно со денови на истото место. Се додека менаџарот Емерсон Маријано не се смилува и решил да го нахрани кучето и да го смести на топло и суво.
https://www.instagram.com/p/CDv1I_FHnBD/
Кучето коешто го засакале сите вработени, наскоро станало маскота на салонот. Влакнестиот миленик започнал да го поздравува потенцијалните клиенти со весело мавтање со опашката. Тој дури носи и официјална продажна картичка со своја фотографија околу вратот.
https://www.instagram.com/p/CCgLIasAQkf/?utm_source=ig_web_copy_link
Тие го нарекле Тусон Прајм и начинот на кој комуницирал со луѓето ги воодушевил и персоналот и клиентите.
https://www.instagram.com/p/CCgOoIVABPZ/
„Тој дури и го подобри бизнисот со неговата многу грижлива и послушна природа“, вели управникот, кој додава дека некои од клиентите доаѓаат во салонот само за да го поздрават Тусон и да му донесат мал подарок, колаче или играчка.
https://www.instagram.com/p/CDcvJIsnXAg/
„Нашата компанија отсекогаш била пријателска кон домашните миленици, па затоа решивме да го покажеме тоа во пракса, така што имаме свои миленичиња во овие периоди кога толку многу животни се напуштени. Тусон ги доби сите неопходни вакцини од ветеринар, а неговиот напредок во Хјундаи значи дека сега се очекува тој да учествува во рекламна кампања“, ја пренесува „Мирор“ изјавата на менаџерот.
https://www.instagram.com/p/CDutB3RHqB4/