– Демократската унија за интеграција денеска предложи дневен ред за утрешната зедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок повикана од претседателот на партијата Али Ахмети.
Од партијата велат дека дневниот ред може да биде дополнет и изменет со предлози од сите учесници за време на заедничката средба. Тие го предлагат следниот формат за учество: претседател плус двајца соработници.
– За состанокот в четврток, со почеток во 12:00 часот, ја предлагаме следната агенда: Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат; Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со Заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели и Различни, се вели во партиското соопштение.
Демократската унија за интеграција, се посочува во партиското соопштение, останува достапна и отворена за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум за кој, како што се вели, ќе се договориме заеднички на утрешната средба.
Воедно, ДУИ им се заблагодарува на сите албански парламентарни партии за коректната комуникација, потврдниот одговор и добронамерните предлози за оваа, како што велат, многу важна средба и поздравена од сите Албанци.