Ливерпул ќе добие рекордни 175 милиони фунти за освојување на титулата англиски шампион во фудбал, пренесува „Тајмс”.
Тимовите ќе добијат целосен износ на договорот за ТВ-права, а надоместокот од околу 330 милиони ќе биде вратен во текот на сезоната.
Доколку клубовите гласаа да влезат во годинашни намалувања, Ливерпул би добил 21 милион фунти помалку.
Сезоната 2019/2020 беше прва во тригодишниот циклус во кој парите од емитување на натпревари во странство беа распределени меѓу клубовите според нивната последна позиција во првенството, наместо подеднакво.