Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и на неа не се разговарало за формирање влада, велат од СДСМ за МИА.
– Претседателот Заев денеска имаше приватна ручек средба во хотел Белви во близината на Скопје.
На денешната ручек средба на претседателот Заев немаше преговори за формирање Влада. Кога се случуваа преговори за влада со негово учество, истите се одржуваа во Собранието или во Клубот на пратеници, наведуваат од СДСМ.