Израел денеска соопшти дека прекинал кибер напад насочен кон одбранбената индустрија, извршен од хакерската група Лазарус.
Израелското Министерство за одбрана соопшти дека хакерите направиле лажни профили на социјалната мрежа Линкедин и оти се претставувале како извршни директори и високи претставници на меѓународни компании.
Според соопштението на израелското Министерство за одбрана хакерската група Лазарус е „поддржана од странска држава”. Додека, за САД групата е поврзана со Северна Кореја.
Израел и Иран со години меѓусебно се хакираат. Најпознат случај е кога американските и израелските разузнавачки агенција беа осомничени дека го пуштија вирусот Стукнет кој ја наруши иранската нуклеарна програма.