Петар Грашо и Хана Хуљиќ станаа родители

Хрватската музичко-брачна двојка Хана Хуљиќ (31) и Петар Грашо (46) станаа родители, објави „Далмација данас“. Хана утрово пристигнала во родилиштето во Сплит, а попладнето се породила со царски рез. Брачната двојка претходно најави дека девојчето треба да се вика Алба.

За нивната љубов се дозна во октомври 2020 година, недолго откако пејачот ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Хана и Петар ја чуваа својата љубов во тајност до октомври минатата година кога за првпат беа фотографирани заедно додека се шетаат во центарот на Загреб, а набргу потоа Хана се всели кај Петар.

„Петар е наш голем семеен пријател. Ако тие се среќни, а колку што гледам се среќни, тогаш јас и мојата сопруга Вјекослава сме среќни“, изјави претходно таткото на Хана,Тончи Хуљиќ.

Хрватскиот пејачка ѕвезда Петар Грашо и неговата сакана Хана Хуљиќ го кажаа судбоносното „да“ на 19 февруари во сплитската црква Св. Доминик.

Треба да знаете
Последни објави