(Видео) Полицијата во Минск пукала кон граѓаните кои од тераси им давале поддршка на демонстрантите

Специјалните сили пукале со сачмарки кон жителите на Минск кои од балконите им кажувале на демонстрантите каде да се сокријат за време на протестите, јавува дописникот на Спутник.

– Специјалната полиција излета од полициските автомобили веднаш до метро станицата „Грушевка“. Демонстрантите почнаа да бегаат. Од балконот на околните згради, луѓето викаа каде да се сокријат, а како одговор на тоа, полицајците неколкупати пукаа кон „координаторите,  пренесува Спутник.

Белоруската асоцијација на новинари објави дека двајца полски новинари се уапсени.

Протестите започнаа на 9 август, веднаш по објавувањето на прелиминарните резултати на претседателските избори на кои победи Александар Лукашенко. Оттогаш, поддржувачите на опозицијата секоја вечер се собираат во поголемите белоруски градови, а полицијата ги растерува со солзавец и шок-бомби.

https://twitter.com/mynamehay/status/1293611685266235399?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1293611685266235399%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novosti.rs%2Fplaneta%2Fsvet%2F909064%2Fpolicija-minsku-pucala-ljude-koji-balkona-davali-podrsku-demonstrantima-video

Треба да знаете
Последни објави