Донација од компанијата КАМ за социјално загрозени семејства

 Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска прими донација од КАМ ДОО наменета за социјално загрозени семејства од целата државата.

Како што соопшти Црвениот крст, донацијата е во вредност од 633.825 денари и се состои од прехранбени и хигиенски производи.

Хуманитарната донација ја прими претседателот на Црвениот крст, Ромел Велев, во просториите на центарот за логистика во Момин Поток – Скопје.

Треба да знаете
Последни објави