Покрај тоа што е првата црна жена на избирачкото ливче, Камала Харис е, исто така, прва Индијка Американка. Нејзината мајка Шјамала Гопалан е родена во Ченаи и имигрирала во САД за својата докторска програма на Универзитетот Беркли. Како и Барак Обама, наследството од мешана раса и овозможи на Харис да се поврзе преку идентитетите и да дојде до повеќе публика и блокови на гласање. За да се разбере што значи најавата дека Харис ќе биде кандидат за потпретседател на САД за оваа заедница, се обративме на изворот кој најмногу се разбира во индиските Американци и политика: Азиз Ханифа. Тој беше извршен уредник и главен политички и дипломатски дописник на „Индија аброуд” (India Abroad) што затвори пред само неколку месеци по 50 години објавување, поради воведените стеги за рекламирање и епидемијата на Ковид-19.
Тој не упати на 26 август 2009 година и неговото интервју со Харис.
Написот ја истакнува улогата на нејзиниот индиски идентитет, кој сигурно повторно ќе излезе на површина во наредните месеци. Издигнувањето на Харис како ќерка на имигранти – едниот од Јамајка, другиот од Индија – дава моќна алтернатива на антиимигрантската реторика и политика на претседателот Доналд Трамп.
Ханифа: Што ти всади твојата мајка, во смисла на култура и наследство?
Харис: Мајка ми беше многу горда на своето индиско наследство и нè научи, мене и сестра ми Маја, да споделуваме гордост за нашата култура. Порано се враќавме во Индија на секои неколку години. Еден од највлијателните луѓе во мојот живот, покрај мајка ми, беше и дедо ми П.В. Гопалан, кој всушност имал функција во Индија, слична на позицијата државниот секретар во оваа земја. Дедо ми беше еден од оригиналните борци за независност во Индија, а некои од моите најубави сеќавања од детството се прошетките по плажа со него откако се пензионираше и живееше во Бесант Нагар, кој тогаш се викаше Мадрас.
Тој секое утро шеташе по плажа со своите пријатели, кои сите беа пензионирани владини функционери и разговараа за политика, за тоа како мора да се борат против корупцијата и за правдата. Тие се смееја, разменуваа мислења и се расправаа, а тие разговори, дури и повеќе од нивните постапки, имаа толку силно влијание врз мене во однос на учењето да бидам одговорна, да бидам искрена и да бидат личност со интегритет. Кога размислуваме за тоа, Индија е најстарата демократија во светот – така што, тоа е дел од мојата позадина, и без сомнение имаше големо влијание на тоа што го правам и која сум јас денес.
Ханифа: Дали е точно тогаш да се каже дека корените на вашиот активизам за граѓански права започнаа со оние прошетки на плажа со вашиот дедо, исто колку и во вклученоста на вашите родители во движењето за граѓански права во САД за време на нивните студентски денови на Универзитетот во Калифорнија?
Харис: Важно е да се каже дека едното не го исклучува другото и не чувствувам потреба да го направам тоа. Тие се со еднаква тежина во однос на тоа која сум јас и влијанието што тие го имаа врз мене додека растев. Моите баба и дедо цело време нè посетуваа во Беркли. Мојот дедо и баба уживаа во времето што го поминуваа со луѓе од сите сфери на животот, кои беа вклучени во движењето за граѓански права. Верувам дека една од придобивките од патувањето низ светот и познавањето на различните култури е тоа што навистина јасно разбирате и гледате многу јасно дека луѓето, кои и да се, на кој било јазик да зборуваат, имаат многу повеќе заедничко отколку што имаат меѓусебни разлики.
Ханифа: .Некои индиско-американски политичари како Боби Џиндал, по победата на изборте, во кои бараа и добија поддршка од заедницата, се обидоа да се дистанцираат од своето индиско-американско наследство. Кој е вашиот став за тоа што значи факторот на етничката припадност?
Харис: Јас сум горда на тоа што сум, горда сум на влијанието кое моето семејство го имаше на мојот живот, заедницата што го имаше на мене и сличноста на влијанието кое го добив од моите ментори, колеги и пријатели. Едното не го исклучува другото – верувам дека тоа е поентата која е суштинска. Мора да запреме да ги гледаме проблемите и луѓето од излогот како да сме еднодимензионални. Наместо тоа, мора да видиме дека повеќето луѓе постојат преку призма и тие се збир на многу фактори – тоа важи за сите и тоа е реалноста.