Во Русија се потврдени уште 5.065 случаи на коронавирус, додека 114 лица починале, објави Центарот за борба против коронавирус.
Вкупниот број на пациенти од почетокот на епидемијата во Русија сега е 912.823, додека вкупниот број на починати е 15.498, јавува Тасс. Повеќето нови пациенти се во Москва и Санкт Петербург.
Како што се наведува, во моментот се хоспитализирани 174.361 пациенти, додека 6.568 лица оздравеле во последните 24 часа.