Велика Британија купува вакцини од уште две компании

Британската влада потпиша уште два договорa за набавка на вакцини против коронавирусот – со американските фармацевтски компании „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакс“.

Ова го изјави членката на британскиот кризен штаб, Кејти Бингам.

Во посебна изјава, претставникот на компанијата „Новавакс“ кажа дека Велика Британија најавила купување на 60 милиони дози на новата вакцина, која е во завршна, трета фаза на тестирање, пренесе „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави