Груби: Албанската опозиција шири лажни вести и ги поткопува позициите на ДУИ

Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, реагираше Артан Груби од ДУИ, откако медиумите објавија дека постигнат е договор за формирање на влада меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА, со формула 3+1 – последната година од четиригодишниот мандат премиер да биде Албанец.

Груби вели дека ваквите лажни вести се лиферувани од страна на албанската позиција, а со тоа им ги нарушуваат позициите на ДУИ во преговорите.

-Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните. Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено. Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани, вели Груби за Коха.

Претходно, со реакција на веста што доцна попладнево ја објави Канал5 ја демантираше и СДСМ. Тие рекоа дека не е вистина дека има договор за премиер, а исто така не е вистина дека се договорени персонални решенија и поделби на ресори.

Реагираше и генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски, кој замоли медиумите да бидат посовесни при пласирањето на потполно неточни информации.

 

Треба да знаете
Последни објави