По дебаклот на Барселона против Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите, за прв пат по 15 години, ниту Лионел Меси ниту Кристијано Роналдо нема да бидат во полуфиналето на елитното европско натпреварување.
Почетокот на крајот на фудбалската ера на Роналдо и Меси се случи практично преку ноќ.
Една недела откако Кристијано Роналдо беше елиминиран од Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите со Јувентус, Лионел Меси се збогува од елитното натпреварување со болен пораз од Баерн, па така за прв пат од 2005 година нема да има ниту еден од двајцата во полуфиналето на најпрестижното европско клупско натпреварување. .
Во 2005 година, континенталната круна отиде кај Ливерпул, кој го победи Милан во славното финале по пенали, а местото меѓу четирите најдобри клубови тогаш го обезбедија ПСЖ и Челси.
Неизбежната промена на генерациите доаѓа скоро незабележливо на големата фудбалска сцена и им донесе необично чувство на љубителите на најважната споедна работа во светот. Дуелот што ја одбележа претходната декада и пол фудбал порано од очекуваното беше елиминиран од борбата за трофејот во Лигата на шампионите, а начинот на кој капитенот на Барса стави крај на оваа сезона беше секако поболен.
Меси и неговите соиграчи го претрпеа веројатно најболниот пораз во своите кариери, а „шлаканицата” на Баварците беше и предупредување дека Каталонците се соочуваат со неизбежни кратења и промена на генерации.
Слична порака беше испратена и од дуелот помеѓу Лион и Јувентус, во кој Роналдо даде се од себе за да ги носи соиграчите на своите рамена со два гола, но средбата во Торино наместо да наведе за размислување за мечот со Манчестер Сити, им посочи на челниците на Јувентус дека треба да одат во потрага по нов лидер.
Иако Роналдо сепак обезбедува игри на високо ниво, факт е дека на возраст од 35 години, тој веќе не е во можност да се натпреварува со тимови на највисоко ниво.
Колку и да е болна, промената на генерациите донесе некои нови фудбалски sвезди, па отсуството на Аргентинецот и Португалецот ќе остави простор за Мбапе, Нејмар, Гнабри, Стерлинг, Жесус и други играчи кои достигнаа или се стремат кон фудбалскиот зенит.