На грчко-албанската граница денеска загина 10 годишно момче. Амбулантното возило со кое биле превезувани исцрпените Албанци, кои со денови чекаат да се вратат дома од Грција, удри во 10 годишно момче, кое било со неговата мајка. Жената не го видела возилото, што се движело со голема брзина долж колоната и во тој момент момчето било прегазено и починало на самото место, јави Канал 5.
Илјадниците Албанци, кои поради бавните процедури не може да излезат со часови од Грција и чекаат во колони долги со десетици километри, почнаа протест и го блокираа патот.
Граѓаните кои се заглавени на границата бараат од албанската влада итно да стапи во контакт со грчките власти и да им овозможат излез од Грција без тестови за корона и документирање на нивната адреса. Премиерот Еди Рама се обрати попладнево и изјави дека станувало збор за процедури на ЕУ.