На 15.08.2020 во 20.20 часот на Средно Водно во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.О. и М.Ф., двајцата од Р.Турција, како и М.Т. од Кипар, затоа што во возилото во кое се превезувале била пронајдена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од МВР информираат и дека во 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени таблетки со жолта боја и втиснато лого.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.