Раководството на НБА ја избра ѕвездата на Портланд, Демјан Лилард за највреден играч (МВП) од последниот дел од регуларната сезона, што екипите го играа во „балонот“ во Орландо. Тој во Орландо во просек имаше 37,6 поени по натпревар.
Лилард започна со 30 поени и 16 асистенции против Бостон на почетокот на август, додека исто така започна серија од најмалку три натпревари во кои постигна најмалку 30 поени и по десет асистенции.
Стратегот на Феникс, Монти Вилијамс, кој не изгуби ниту еден од осумте натпревари на својот тим, беше избран за најдобар тренер, иако неговиот тим не успеа да се пласира во плеј-офот.
Покрај Лилард, во најдобрата петорка се Букер (Феникс), Ворен (Инидијана), Дончиќ (Далас) и Харден (Хјустон).