Тринаесетгодишно девојче во Индија е силувано и убиено, а за тоа уапсени се двајца нејзини соседи, пренесува Би-би-си.
Телото на девојчето е пронајдено во поле со шекерна трска во северно индиската држава Утар Прадеш, соопшти полицијата. Во соопштението се демантирани тврдењата на таткото на девојчето дека и` биле извадени очите и отсечен јазикот.
Силувањата се во центарот на вниманието во Индија, откако во 2012 година група мажи силуваа и убија млада жена во автобус, во главниот град Њу Делхи.
Тој напад доведе до масовни протести и промени во законите за силување во земјата.
Според неодамна објавените податоци, секоја четврта жртва на силување во Индија е дете. Во голем број случаеви, жртвата ги познава насилниците.