Бројот на ново заразени со коронавирус во Франција веќе втор ден по ред надминува 3.000, објави вечерва Министерството за здравство.
Во последните 24 часа биле пријавени 3.015 нови случаи, пренесува Ројтерс.
Агенцијата забележува дека ова е сè уште помал број од вчерашниот најголем број новозаразени лица по укинувањето на строгите мерки, кога беа пријавени 3.310 нови случаи.
Поради растот на бројот на заразените изминатава седмица, седумдневниот просек на новозаразените е над прагот од 2.000 случаи на дневно ниво, првпат по април, кога во Франција на сила беше еден од најстрогите карантини во Европа.
Вкупно од почетокот на епидемијата во Франција во февруари заразени се околу 253.000 луѓе, од кои починале 30.410 заболени.
Во земјата има вкупно 218 536 заразени од почетокот на пандемијата , додека починале 30 410 лица.
За да се намали бројот на заразени, властите ќе предложат маски за лице на работните места