Екипата на Еурофарм Пелистер го освои трофејот на 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Битолчани вечерва во финалето славеа победа над „црвено-црните” со 26:23 (13:13 на полувреме).
Покрај финалето, во текот на денот се одиграа и натпреварите за пласман:
за 3. место Охрид – Металург 25:31
за 5. место Прилеп – Бутел 23:25
за 7. место Струга – Еурофарм Пелистер 2 21:23.
За најдобар голман на турнирот беше прогласен Градимир Чаневски од Еурофарм Пелистер, Тимур Дибиров од Вардар е најдобар стрелец, додека најдобар играч е Стипе Мандалиниќ од Еурофарм Пелистер.
Фото: 24Ракомет.мк