Заврши неколкудневниот хаос на на албанско – грчката граница,со клометарските колони возила на албанска стран,поради ограниченото време на работа и задолжителното тестирање за Ковид-19 од грчката страна.
Иако беше најавено дека премините на грчка страна ќе работат до 22:00 часот тие продолжија со работа па така сите заглавени возила и патници до првите утрински часови ја минаа границата.
Стануваше збор главно за албански граѓан кои живеат и работат во Грција, кои биле во родниот крај за летниот одмор а побрзаа да излезат од албанска територија со цел да избегнат еденонеделен карантин мерка која од денеска се прменува во Грција.
Според албанските власти само преку преминот Какавија, кај Ѓирокастро за 24 часа минале 1.629 возила и 3.325 патници.
И додека премиерот Еди Рама и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, изјавуваа дека се постојано во контакт за надминување на проблемот поранешниот албански премиер Пандел Мајко и актуелен министер за дијаспора, се пофали дека негова е заслугата што е надминат проблемот.
-Голема благодарност кон сите мои колеги за ангажираноста, но посебна благодарност упатувам до поглаварот на Албанската афтокефална црква, Анастас Јанулатос во посредувањето за надмнување на оваа криза. Го замолив да посредува и тој покрај возраста се заложи и проблемот беше надминат, напиша Мајко на Фејсбук.