Еден сириски војник загина, а двајца други се повредени во американскиот воздушен напад врз сириските воени позиции на северот на земјата.
„Еден сириски војник е убиен, а двајца други се повредени по воздушниот напад од страна на американски авион на пунктот на сириската армија во областа Тел Захаб, југоисточно од градот Камишли, јави сириската телевизија „Икбарија“, пренесе „Спутник“.
Владиниот весник Ватан наведе дека еден од повредените е офицер на сириската армија и дека американската патрола се обидела да помине низ зоната што ја контролирала сириската армија, но не навела чиј авион го извршил воздушниот напад.