На гробиштата „Мирогој“ во Загреб денеска беше погребан композиторот и лидерот на „Нови Фосили“, Рајко Дујмиќ кој почина на 4 август, откако беше во кома неколку дена откако со автомобил излета од пат, објави Јутарњи лист.
Погребот беше отворен за јавноста и покрај пандемијата, но со почитување на мерките. Во почесната стража се менуваа Јасмин Ставрос, Јасенко Хоура, Жак Хоудек, Јасна Злокиќ, Владо Калембер и други.