Прекин во водоснабдувањето утре од 8:00 часот ќе имаат дел од корисниците од булеварот „Борис Трајковски”, односно потегот од крстосницата со булевар „Србија” до Охис.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на булевар „Борис Трајковски” 11/1.
Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат и дел од корисниците лоцирани на улицата „Христо Смирненски”. Прекинот е поради изведување водоводен приклучок на оваа улица.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.