Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин разговараа по телефон за турско-руските односи во неколку области.
Според агенцијата ТАСС, Ердоган и Путин, меѓу другото, разговарале за соработката во областа на туризмот, енергетиката и транспортот, како и во борбата против пандемијата на коронавирус.
Дел од разговорите биле посветени на развојот на настаните во источниот Медитеран и во Либија, а двајцата соговорници ја истакнале потребата од водење дијалог за тие прашања.
Ердоган и Путин се согласија да ги продолжат контактите преку воените и дипломатските канали во врска со ситуацијата во Сирија, наведува ТАСС.