Бројот на заразени со коронавирус во последните 24 часа во Србија е 100.
Во тој период се извршени вкупно 7.352 тестирања.
Уште три лица починаа во Србија како резултат на инфекција со коронавирус.
Досега во Србија починаа 677 лица. Вкупниот број регистрирани случаи досега е 29.782, а тестирани се 811.920 лица.
На респиратор се наоѓаат 68 лица, а само 78 лица се хоспитализирани за 24 часа. Вкупно 1.612 лица се лекуваат во болници.
Ова е најмал број на новозаразени по 23 јуни, кога имало 102.