Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може наскоро да ги смени клубовите.
Според новинарот Хуан Гато, 31-годишниот Шпанец по елиминацијата на Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, на семејството му кажал дека следната фаза од неговата кариера е Милан.
Коста има намера да го напушти Атлетико, чиј договор истекува во летото 2021 година
Минатата сезона, напаѓачот постигна пет гола и четири асистенции на 23 натпревари во Ла Лига.