Серија панел-дискусии и други онлајн-настани со заеднички наслов „Национализам” ќе се одржат денеска и утре во организација на ЦИВИЛ. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики”.
Дебатите, како што соопшти ЦИВИЛ, ќе се пренесуваат во живо на нивната Фејсбук страница.
– Програмата ќе почне со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Со почеток во 11:30 е панел дискусијата со Петрит Сарачини (ЦИВИЛ) и Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис). Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети ќе разговараат на темата во терминот од 13 до 14 часот, додека Џабир Дерала ќе одржи јавна презентација во 14:30 часот. Во 15:30 часот на програмата е Џевдет Хајредини, експерт за финансии и колумнист, стои во најавата на ЦИВИЛ.
Настаните, како што соопштија, се дел од проектот „Европа е наш дом”, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.