Вил Смит и Кевин Харт ќе глумат во римејк на „Авиони, возови и автомобили“

Вил Смит и Кевин Харт ќе бидат главни протагонисти во римејкот на „Авиони, возови и автомобили,“ оригинален наслов Plains, Trains & Automobiles.

Комичарите се во актерскиот тим што треба да ја рекреира патувачката комедија од 1987 година, објави „Дедлајн“.

Сторијата на оригинлниот филм, во кој глумеа Стив Мартин и Џон Кенди, следи двајца бизнисмени, додека се враќаат во Чикаго за да го поминат Денот на благодарноста со своите семејства.

Продукциската куќа „Парамаунт пикчрс“ ја подготвува новата, модерна верзија на филмот. Проектот во претпродукција.

Треба да знаете
Последни објави