Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор изјави дека ќе се пријави доброволно, меѓу првите, да ја прими руската вакцина против коронавирусот, доколку се докаже дека е ефикасна.
Одлуката на Москва да го одобри производството на вакцината по само два месеци тестирање врз луѓето ја разбранува светската јавност и предизвика загриженост во некои научни кругови, кои тврдат дека само 10 проценти од клиничките испитувања на руската вакцина се покажале успешни, пренесува „Ројтерс“.
Многумина тврдат дека Русија го стави глобалниот престиж во прв план, наместо безбедноста.
Мексико и Аргентина се меѓу финансиерите на компанијата „АстраЗенека плц“, која е вклучена во глобалната трка да се најде вакцина против новиот коронавирус.