Епидемиологот Тиодоровиќ откри какви маски треба да носат децата кои ќе тргнат на училиште

Српскиот епидемиолог Бранислав Тидоровиќ изјавил дека почетокот на учебната година е важен момент во вкупниот однос кон епидемијата.

Тиодоровиќ рекол дека сите мораме да помогнеме училиштата да почнат нормално да работат, за децата да се вратат во училишните клупи, посебно најмладите, затоа што тоа е особено важно а нивниот равој.

Тој истакнал дека ризиците треба да се намалат на најмала можна мера и дека сите мерки мора да се спроведуваат.

-Мислам дека моменталната ситуација ни покажува дека доста добро се движиме кон подобро решение, ако успееме да го зачуваме односот кој сега го има населението кон епидемијата и спроведувањето на сите заштитни мерки, тогаш можеме да создадеме услови за добар почеток на училишната година – додал Тиодоровиќ.

На прашањето какви маски треба да носат децата, Тиодоровиќ одговорил дека треба да бидеме објективни и дека луѓето користат маски какви што може да најдат и да набават.

-Секоја маска е во секој случај голема работа за заштита од ширењето на инфекцијата. Нема причина од тоа да правиме проблем, децата ќе користат онаква маска каква ќе им набават родителите и која најмногу им одговара – рекол Тиодоровиќ.

Треба да знаете
Последни објави