Негативни резултатите од тестовите направени на атинските пристаништа

Негативни се резултатите од направените над 300 молекуларни тестови за Ковид-19 на атинските пристаништа на туристи кои се враќаа од одмор на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина.

Тестирањето беше спроведено во неделата по иницијатива на Периферијата Атика, од каде што соопштуваат дека не бил откриен ниту еден позитивен случај, а паралелни најавуваат дека од денеска, секојдневно ќе земаат примероци за молекуларни тестови на најголемото грчко пристаниште Пиреас.

Објаснуваат дека доброволно ќе се тестираат, сите оние кои ќе пристигнат на пристаништето со сомнителни симптоми на коронавирусот, како што се температура или кашлица, а акцентот ќе биде ставен на туристите кои се враќаат од островите кои имаат голем број случаи на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави