Нема Пржинска влада, ДУИ ќе има премиер сто дена пред избори

Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети постигнаа договор за владина коалиција, но истиот треба допрва да го потврдаат од партиите.

Според Заев, тој ќе биде мандатар четири години, а Пржинската влада ќе се укине па ДУИ ќе добие премиерска позиција 100 дена пред изборите.

-Јас ја добив честа да бидам претседател на владата во полн 4-годишен мандат. Покажав доблест, како градење на доверба сите на 100 дена пред пред избори да бидат рамноправни, коалиционите партнери на предлог на ДУИ ќе го постават премиерот кој 100 дена ќе ја води владата, рече Заев.

Тој кажа дека новата Влада ќе ја укине Пржинската влада, а сите рамковни вработувања ќе се прераспределат на работни места и за 6 месеци ќе тргат на работа.

-Ги договоривме денеска принципите на кои ќе се темели новата влада. Во неа ќе бидат назначени квалитетни, одговорни и отчетни кадри. Нема да има министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места. Се договоривме да се зголеми отчетноста и танспаретноста и да се намалат привилегиите на министрите и директорите, рече Заев.

Тој во говорот не кажа како ги поделиле министерските места.

-Многу сум убеден дека оваа коалиција, ова партнерство за уште четири години ќе биде најуспешнот. Идејата беше за доближување, порака за преземање одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада, рече меѓу другото Ахмети, додавајќи оти идејата  била да се доближат граѓаните и заедниците, а не да се раздвојат.

На следната влада и на коалицијата Ахмети и посака многу успех и успешна работа, додавајќи дека се што претходно изјави Заев, тоа е договорено.

Договорот е постигнат прво со цел, како што рече, имајќи предвид на граѓаните да им се овозможат посигурен живот и иднина.

Ахмети изрази увереност дека денешната одлука ќе биде поздравена од сите граѓани на нашата држава, но и од нашите партнери од меѓунардоната заедница кои ни помогнаа на патот кон НАТО и ЕУ.

– Значајно е дека денешната коалиција се базира на здрави темели и ќе придонесе за добар тек на сите процеси во државата. Многу сум убеден дека денеска направиме добра работа за сите наши граѓани, изјави меѓу другото Ахмети по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратениците.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/392898688360472/

Треба да знаете
Последни објави