На границата на Србија со Северна Македонија кај Прешево, почна поставување жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.
Шчиприм Арифи, претседател на општина Прешево, за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договорот со ЕУ.
– Мислиме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи.
Тој смета, гледано од тој аспект, дека оградата индиректно придонесува во процесот на евроинтеграција, но со целосно разбирање и почитување на политичките околности.
– Лично имам сериозно резерви кон таквиот третман на бегалците, рекол Арифи.
РСЕ наведува дека побарале, но не добиле одговор од Европската комисија на прашањето дали се запознаени или консултирани за подигнувањето ограда помеѓу Србија и Северна Македонија.
Повеќе информации засега не откриват ниту од Владата на Србија.