Романскиот пејач Тави Пустиу (29) трагично настрадал кога се обидувал да помине преку железничка пруга.
Имено, автомобилот во кој бил романскиот пејач, а кој го управувала жена, бил целосно згмечен од силниот удар.
Тави неколку секунди пред несреќата снимал со својот мобилен телефон, односно се вклучил во живо за на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како пејачот ужива во гласната музика, додека автомобилот се приближува на шините во градот Плоешти. Се гледа како жената која седела до него, како гледа од страните дали доаѓа возот, но момент на невнимание предизвика страшна трагедија.
Во видеото дури се слуша врескањето на Таби, но било предоцна за реакција.
– По сударот на возило и воз, 29-годишниот маж е прогласен за мртов, додека 24-годишната жена, која го возела автомобилот е хоспитализирана. До несреќата дошло поради непочитување на правилата за поминување на железнички премин – било соопштено од полиција.