Ќерката на покојниот Курт Кобеин, 28-годишната Френсис Бин, призна дека потрошила околу 11,2 милиони долари богатство од нејзиниот татко пред да се отрезни во 2016 година и да сфати што прави. Френсис ги наследила богатството и авторските права на нејзиниот татко и денес има околу 200 милиони долари, но досега, вели таа, немала поим како се управува со пари.
„Престанав да нарачувам луксузен Убер и сега нарачувам редовно возење или пешачам ако ми е блиску“, вели Френсис, која добивала 100 000 долари месечно за џепарлак.
„Сфатив дека без оглед колку пари имам, може да се потрошат ако не располагам со нив паметно“, рече таа, додавајќи дека сега ангажирала луѓе за да ` помогнат во управувањето со парите.
„Отсекогаш имав чуден став кон тие пари затоа што не ги заработив. Се чинеа како огромен заем“, вели таа, додавајќи дека честопати се чувствувала виновна затоа што имала чувство како да троши пари на некој странец.