ПСЖ го остварува својот сон и не може да запре сега

Претседателот на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи му честиташе на тимот за пласманот во финалето од Лигата на шампионите и порача дека одат до крај.

– Ова е историска вечер за клубот. Неверојатно. Горд сум на клубот, ова е наше прво финале. Ова е наш сон, но не можеме да запреме сега, изјави Келаифи за „РМЦ”.

Во полуфиналето, парижаните синоќа во Лисабон го совладаа Лајпциг со 3:0 и изборија финале.

Вториот финалист ќе биде познат вечерва по средбата Лион – Баерн.

Треба да знаете
Последни објави