Новата крими-коалиција на Заев ќе се посвети на лично богатење, а граѓаните ќе гинат од корона вирусот 

Наместо посветеност на проблемите на граѓаните, функционерите на СДСМ се посветени на тоа каде на набават кокаин или кога да си купат имоти и апартмани вредни стотици илјади евра.

Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза.

Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата.

Бројката на заболени е повеќе од  11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите.

Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат како да се справат со последиците од корона кризата.

За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план за образованиот процес.

Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно – како да се нанесе штета на граѓаните и државата.

Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување.

Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со  кризата.

Потребни се обмислени чекори за да се стабилизира ситуацијата, а не функционери кои мислат каде да набават кокаин или како да ги извлечат своите пари од банките.

Треба да знаете
Последни објави