Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани 47.784 нови случаи на заразени со Ковид-19 и 1.352 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Британските медиуми пренесуваат дека од почетокот на пандемијата Бразил евидентирал 3.407.354 заразени лица, а вкупната бројка на умрени изнесува 109.888 лица.