Венко Филипче останува министер за здравство, Оливер Спасовски се враќа на чело на Министерството за внатрешни работи, нов министер за одбрана ќе биде Љупчо Николовски, за образование најверојатно Радмила Шекеринска, Мила Царовска се враќа во труд и социјала, а и ресорот правда ќе биде во рацете на СДСМ по распределбата на владиниот колач во коалицијата СДСМ-ДУИ-ДПА што беше објавена вчера, се шпекулира во кулоарите, објави „Плусинфо“.
Досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не е кадар од СДСМ, ќе биде вице премиер за евроинтеграции.
ДУИ ги доби ресорите за финансии, за надворешни работи, за економија, за животна средина, за информатичко општество и администрација, како и вицепремиер за политички систем.