Хрватска и Австрија влегоа во „туристичка војна“, а Словенија е на штрек

Откако Австрија воведе строги мерки на својата граница и ја стави Хрватска на „црвената лисата“ како епидемиолошки небезбедна земја туристите буквално бегаат од јадранските летувалишта. На штрек се и Словенците кои до крајот на неделава очекуваат да им бидат воведени истите мерки од Австрија.

Забавниот летен живот во реонот на Опатија, Ровињ, Пула, Умаг овие денови го снема. Се очекува да се види каков потег ќе повлечат Германците со кои како пренесуваат хрватските медиуми се водат дипломатски преговри да се најде решение како туристите од оваа земја да пристигнуват на Јадран.

Хрватска и Австрија се буквално во „туристичка војна“ откако Загреб ја искажа својата огорченост од одлуката на владата на премиерот Себастијан Курц со која Австриците кои се враќаат од Хрватска мораат веднаш да се тестираат на лице место на самата граница за коронавирусот. Тоа создава метеж и долги колони на границата, бидејќи тестовите кои ги имаат граѓаните направени во Хрватска, од старна на Австрија не се признаваат. Овие одлуки ги плашата граѓаните на Австрија дека ќе останат и без работа, доколку мораат да заминат во задолжителн двонеделен карантин и бидат спречени да се појават на работните места.

Оние Австрици кои имаат уплатено за летување во Хрватска поради новонастанатата ситуација се откажуваат од летното уживање на Јадранскиот брег, што Хрватите го толкуваат како забрана за државјаните на оваа земја за да им останат парите „дома“ со посетата на австриските езера.

Доаѓа скијачката сезона кога атрактивна и привлечна за туристите од Хрватска ќе биде Австрија. Како се однесуваат тие со нас тако ќе постапиме и ние со нив се пораките кои можат деновиве да се слушнат од политичарите меѓу кои е раскината „љубовта врска“ .

 

Треба да знаете
Последни објави