Во првите два дена на стартот од доигрувањето во НБА, се случија дури три сензации. Најголемата е поразот на Леброн Џејмс и неговите Лејкерси од Портланд, во првиот меч од плеј-офот. Забревтаните “блејзерси“ победија со 100:93, иако Леброн имаше солидни бројки.
Леброн Џејмс имаше „монструозен“ натпревар со 23 поени, 17 скокови и 16 асистенции, Ентони Дејвис постигна 28 со 11 скокови. Во редовите на Портланд, Лилард повторно воодушеви. Тој постигна 34 поени со 5 скокови и асистенции, додека Мекалум имаше 21, а Нуркиќ 16 со 15 скокови, додека Кармело Ентони имаше „дабл-дабл“ од 11 со 10 скокови.
Хјустон без повредениот Вестбрук успеа да се справи со Оклахома и да победи со 123:108. Нова одлична партија на Џејмс Харден кој постигна 37 поени и го водеше својот тим до победата.
И лидерот на Истокот, тимот на Милвоки Бакс, на стартот претрпе пораз од најслабо пласираниот тим кој од истата конференција обезбеди плеј-оф, Орландо Меџик. Црногорецот Никола Вучевиќ беше најдобар на натпреварот со 34 поени, 14 скокови и 4 асистенции, додека кај Милвоки се истакна Јанис Адетокумбо со 31 поен, 17 скокови и 7 асистенции.
Мајами беше подобар од Индијана со 113:101, а најдобри кај победникот беа Џими Батлер со 28 коша и Горан Драгиќ со 24 поена.