Две недели откако му беше дијагностициран Ковид-19, косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска имаше негативен тест. Веста за приштинските медиуми ја потврдија извори од Владата на Косово, наведувајќи дека премиерот денеска се појавил на работа во својата канцеларија.
На почетокот на месецов Хоти објави дека имал позитивен тест на коронавирус и најави дека ќе се самоизолира и работните обврски ќе ги извршува од неговиот дом