Сите 10 екипи во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност, пренесува прес-службата на тркачката серија. Така, сите екипи кои учествуваат во „Кралските трки” сега се обврзаа да продолжат да се натпреваруваат до 2025 година.
Ферари, Вилијамс и Мекларен беа првите што го објавија потпишувањето на договорот, а денеска се решија формалностите со останатите седум екипи во Формула 1.