Израелските научници измислиле и ја разработиле целосно заштитната маска која самата по себе го уништува вирусот !?
Направена е според технологијата за изработка на завој и друга воена опрема, а специфичноста на маската е во фактот што нејзината ефикасност не се намалува со текот на времето. Одлична е за употреба на лекарите, но и за сите оние луѓе кои сакаат да се заштитат од коронавирусот.
Маската може да се корсти повеќекратно додека физички не се уништи, не се потопи со вода или да се извалка. Со секојдневно внимателно носење може да трае и до еден месец. Оваа маска во континуитет во текот на денот може да се носи до три часа, а потоа треба да се извади, да се стави на рамна површина и да се остави 40 минути за материјалот да делува неутрализирачки на вирусот.
Цената на една ваква маска изнесува околу 5 евра.