Фиорентина со годишна плата од четири милиони евра го кани во своите редови Тијаго Силва

Бразилецот Тијаго Силва може да ја продолжи кариерата во италјанската Серија А и тоа во редовите на Фиорентина. Италијанскиот клуб му нуди на 35-годишниот Бразилец договор со плата од четири милиони евра годишно, пренесува „La Gazzetta dello Sport”.

Договорот на Силва со ПСЖ истекува на крајот на оваа сезона. Францускиот клуб нема да го обнови договорот со актуелниот капитен на „светците“.

Во сезоната 2019/20, Силва одигра 34 натпревари за ПСЖ, даде еден гол и забележа една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави